Процес на аплицирање. Како се запознаваме едни со други.

РЕСГИСТРИРАЈ СЕ И АПЛИЦИРАЈ
Најдовте работа за која сте заинтересирани?
Потоа регистрирајте се на порталот за апликација и прикачете ги потребните документи. Доколку сте заинтересирани, можете да аплицирате за повеќе работни позиции истовремено. Можете да испратите и апликација за работна позиција која во моментот не е наведена.
ИСПРАТЕТЕ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА
Ние ќе Ве информираме
Ќе бидете информирани кога ќе ја добиеме апликацијата. Преземањето на истата може да потрае неколку дена. Доколку имате какви било прашања во тој временски период, слободно контактирајте нѐ. Штом ќе имаме вести поврзани со Вашата апликација, ќе Ве контактираме.
ТЕЛЕФОНСКО ИНТЕРВЈУ
Да се запознаеме
Доколку сме заинтересирани за Вашата апликација, ќе Ве поканиме на телефонско интервју со цел да се запознаеме со Вас и да ги дознаеме Вашите вештини. Истовремено, ќе добиете и целосен опис за работната позиција за која аплицирате. Ако Вашата апликација не е земена предвид, ќе добиете негативен одговор.
ЛИЧНО ИНТЕРВЈУ
Вашата шанса
Доколку ни оставите позитивен впечаток на телефонското интервју, ќе Ве поканиме на лично интервју. Тогаш, првенствено ќе ги видиме Вашите способности и ќе ги разјасниме сите прашања во врска со општите услови на работното место.
КОНЕЧНА ОДЛУКА
Добивање повратна информација
По личното интервју, ќе ни бидат потребни неколку денови да донесеме конечна одлука. Телефонски ќе Ве информираме за резултатите од интервјуто. Доколку одлучиме да соработуваме, ќе добиете Договор за вработување.

Процес на пристигнување

ПОЧЕТОК
Вашиот прв ден
Ќе го запознаете тимот и ќе ги формирате првите впечатоци. Вашиот ментор ќе Ви каже сѐ што сакате да дознаете за секојдневниот работен процес.
ПО ДВЕ СЕДМИЦИ
Ориентацијата продолжува
Го започнувате Вашиот тренинг план и учествувате на ориентациони обуки како и на состаноци со Вашите колеги.
ПО ЧЕТИРИ СЕДМИЦИ
Првични повратни информации
На првата средба со Вашиот претпоставен ќе разговарате за статусот на почетните тренинзи и ќе добиете повратни информации. Доколку е потребно, двајцата би се усогласиле за дополнителни измени и прилагодувања.
ПО ТРИ МЕСЕЦИ
Проценка
Заедно со претспоставениот повремено ќе го разгледувате Вашиот тренинг план. Ќе се сретнете и со претпоставениот од Одделот за човечки ресурси и ќе го информирате за Вашите искуства.
ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ
Вистински почеток
Честитки! Успешно го совладавте процесот на учење, така што сега можете да го продолжите патувањето во DRÄXLMAIER!