DRÄXLMAIER Групација

Информации за заштита на податоците
како дел од користењето на веб страницата

Информации за заштита на податоците:

 Во контекстот на користење на почетната страница (homepage)

I. Контролор и податоци за контакт

Контролор според значењето дадено во членот 4 став 1 точка 7 од Законот за Заштита на личните податоци е:

ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ Кавадарци (во понатамошниот текст именувана како „Контролорот“)

Адреса: Индустриска зона „Телот“ 

1430 Кавадарци 

Република Северна Македонија 

Офицерот за заштита на личните податоци, назначен од страна на Контролорот може да го контактирате на:

Офицер за заштита на лични податоци

ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ Кавадарци

Адреса: Индустриска зона „Телот“

1430 Кавадарци

Република Северна Македонија

D-Privacy-MKD@draexlmaier.com

II. Прибирање и обработка на личните податоци:

Повикување на веб-локацијата:

Кога пристапувате до нашата веб-локација, нашиот веб-сервер, според однапред дефинирани параметри, ги собира следните податоци:

  • името на вашиот давател на интернет услуги
  • веб-страницата од која нѐ посетувате
  • страниците што ги посетувате на нашата веб-локација
  • количината на пренесените податоци и големината на датотеката на посетената страница
  • протоколот и адресата за Интернет протоколот (IP адреса)
  • датумот, времето и времетраењето на посетата
  • јазикот на прелистувачот
  • статусната шифра
  • типот на уредот, брендот на уредот, моделот на уредот, резолуцијата на екранот
  • оперативниот систем, прелистувачот, додатоците за прелистувач
  • термини за внатрешно пребарување
  • појдовни врски
  • преземања
  • пребарувачите

Прибирањето, чувањето и евалуацијата на овие податоци се прави единствено за статистички цели и за обезбедување безбедност на системот. Овие податоци се прибираат анонимно и се чуваат одделно од сите лични податоци. Консолидација со личните податоци нема да настане. Оваа операција за обработка ја наоѓа својата правна основа во чл. 10 ст. 1 точка 6 од Законот за Заштита на личните податоци. Гореспоменатите правни цели ги претставуваат и нашите легитимни интереси. IP адресата собрана во текот на ова прегледување се брише веднаш по анонимизацијата, освен ако правни или други правни причини ни даваат право да ја задржиме подолго.

При пребарувањето преку функцијата за внатрешно пребарување на веб-страницата, внесените термини за пребарување, времето на барањето за пребарување и IP адресата на корисникот од кој потекнува барањето за пребарување се чуваат 90 дена. Обработката на податоците при користење на функцијата за внатрешно пребарување ја наоѓа својата правна основа во чл. 10 ст. 1 точка 6 од Законот за Заштита на личните податоци. Целта на обработката лежи во обработката на барањето за пребарување поднесено од вас и во исто време го застапува нашиот легитимен интерес.

Користење на нашиот формулар за контакт:

Добредојдени сте лесно да не контактирате преку нашиот формулар за контакт. За таа цел, неопходно е да се обезбеди валидна адреса за е-пошта за да можеме да одговориме на вашето барање. Дополнително, доброволно можете да ни дадете и дополнителни информации. Обработката на податоците за целите на контактирање со нас се врши во согласност со 10 став 1 алинеја 6 од Законот за Заштита на личните податоци врз основа на вашата согласност дадена доброволно со испраќање на вашите податоци. Целта на обработката е да се справи со барањето што сте го поднеле. Личните податоци собрани од наша страна за користење на формуларот за контакт автоматски ќе се избришат по завршувањето на барањето што сте го направиле, освен ако правни или други правни причини ни даваат право на подолго чување.

Испраќање на трудови во електронски формат (е-трудови) и документи на специфични теми:

Ние обезбедуваме трудови во електронски формат (е-трудови) и други документи на специфични (одредени) теми. Можете да ги побарате од нас со регистрирање на нашата веб-страница и давање на вашето име, презиме и важечка адреса за е-пошта. Во овој случај, вашите податоци ќе бидат обработени за да ви бидат испратени е-трудовите и другите документи кои сте ги побарале и да можеме да склучиме договор за користење со вас за користење на овие е-трудови и другите документи. Правната основа во овој случај е чл. 10 ст. 1 точка 2  од Законот за Заштита на личните податоци.

IV. Цел и правна основа за обработка на податоците:

Ние ги обработуваме личните податоци наведени во оваа горенаведена изјава за заштита на податоците во согласност со одредбите на Законот за Заштита на личните податоци и другите релевантни прописи за заштита на податоците, единствено до оној степен кој не е потребен. Доколку обработката на личните податоци се заснова на чл. 10 ст. 1 точка 6  од Законот за Заштита на личните податоци, гореспоменатите цели ги претставуваат и нашите легитимни интереси.

V. Пренос на лични податоци на трети лица:

Следниве категории на примачи, кои вообичаено се обработувачи на податоците, може да добијат пристап до вашите лични податоци:

- Даватели на услуги за работа на нашата веб-локација и обработка на податоците кои се складирани или пренесени од системите (на пр. за одржување и ажурирање на веб-локацијата, услуги на центарот за податоци и ИТ безбедност). Во тој случај, правната основа за преносот е чл. 10 ст. 1 точка 2 или точка 6 од Законот за Заштита на личните податоци, доколку не вклучува ангажирани обработувачи на податоците;

- Владини агенции и органи, доколку тоа е неопходно за исполнување на законска обврска. Правната основа за обелоденување е тогаш чл. 10 ст. 1 точка 3  од Законот за Заштита на личните податоци;

- Лица вработени за извршување на нашите деловни операции (на пр. агенции, ревизори, банки, осигурителни компании, правни советници, надзорни органи, страни вклучени во преземање на компании или основање заеднички вложувања). Правната основа за обелоденување е тогаш чл. 10 ст. 1 точка 2 или точката 6 од Законот за Заштита на личните податоци.

Дополнително, ние ќе ги откриеме вашите лични податоци на трети лица само доколку вие сте дале јасна и изречна согласност за ние да го сториме тоа во согласност со чл. 10 ст. 1 точка 1 од Законот за Заштита на личните податоци.

VI. Услови за пренос на лични податоци во трети земји:

Во текот на нашите деловни односи, вашите лични податоци може да бидат пренесени или откриени на трети компании. Тие исто така може да се наоѓаат надвор од Европската економска област (ЕЕА), односно во трети земји (земји кои не се членки на ЕУ). Таквата обработка се одвива исклучиво за исполнување на договорните и деловните обврски и за одржување на вашиот деловен однос со нас.

Некои трети земји се потврдени од Европската комисија како земји кои имаат ниво на заштита на податоците кои можат да се споредат со стандардот на ЕЕА преку таканаречените одлуки за соодветност (Листата на овие земји и копија од одлуките за соодветност може да се најдат на следниов линк: ec .europa.eu/info/law/law-topic/data-protection/international-dimension-data-protection/adequacy-decisions_en).

Меѓутоа, во други трети земји во кои може да се пренесуваат лични податоци, можеби на располагање нема постојано високо ниво на заштита на податоците поради недостаток на законски одредби. Доколку тоа е случај, ние ве уверуваме дека заштитата на податоците е соодветно загарантирана. Тоа е можно преку обврзувачките регулативи на компанијата, стандардните договорни клаузули на Европската комисија за заштита на личните податоци, сертификати или признати кодекси на однесување.

VII. Безбедност:

Ние користиме технички и организациони безбедносни мерки за да ги заштитиме податоците што ги давате од случајна или намерна манипулација, губење, уништување или пристап од страна на неовластени лица. Нашите безбедносни мерки постојано се подобруваат во согласност со технолошкиот развој.

SSL или TLS енкрипција (кодирање):

Од безбедносни причини, но и за заштита на преносот на доверлива содржина, како што се барањата кои ни ги испраќате нам, како оператор на веб-локацијата, оваа страница користи тн. SSL или TLS шифрирање. И вие лесно може да ја препознаете енкриптираната (кодираната) врска по тоа што линијата за адреса на прелистувачот се менува од „http://“ во „https://“ и според симболот за заклучување во линијата на вашиот прелистувач. Ако е активирана SSL или TLS енкрипцијата, податоците што ни ги пренесувате не можат да бидат прочитани од трети страни.

VIII Употреба на колачиња:

Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Колачињата се мали текстуални датотеки (групи од податоци) кои му се доделуваат на прелистувачот што го користите и се складираат на вашиот хард диск со карактеристична низа од знаци, кои преку одреден проток на информации стигнуваат до ентитетот кој го поставува колачето. Колачињата не можат да извршуваат програми или да пренесуваат вируси на вашиот компјутер и затоа не можат да предизвикаат никаква штета. Тие служат за да ја направат нашата интернет понуда попривлечна за вашето око, но и поефективна во целина, т.е. попријатна за користење од ваша страна.

Колачињата може да содржат податоци кои овозможуваат препознавање на уредот кој се користи. Меѓутоа, во некои случаи, колачињата содржат информации само за одредени поставки кои не се однесуваат на препознавање. Сепак, колачињата не можат директно да идентификуваат корисник.

Ние правиме разлика помеѓу колачиња кои се користат за една сесија, кои се бришат веднаш штом ќе го затворите прелистувачот и трајни колачиња, кои се складираат надвор од поединечната сесија. Во однос на нивната функција, постојат неколку видови на колачиња:

  • Технички колачиња: тие се задолжителни за движење низ веб-локацијата, користење на основните функции и обезбедување безбедност на веб-локацијата; тие не собираат информации за вас за маркетинг цели, ниту пак зачувуваат податоци за тоа кои веб-страници сте ги посетиле;
  • Колачиња за изведба: тие собираат информации за тоа како ја користите нашата веб-локација, кои страници ги посетувате и на пример, дали се појавуваат грешки при користење на веб-локацијата; тие не собираат информации кои би можеле да ве идентификуваат вам - сите собрани информации се анонимни и се користат единствено за подобрување на нашата веб-страница и за откривање за тоа што ги интересира нашите корисници;
  • Колачиња за рекламирање, колачиња за таргетирање: Овие видови на колачиња се користат за да им се понуди на корисниците на веб-локацијата приспособено рекламирање на веб-локацијата или понуди од трети страни и да се измери ефективноста на овие понуди;
  • Колачиња за споделување: Тие се користат за подобрување на интерактивноста на нашата веб-локација со други услуги (на пр. со социјалните мрежи).

Сeкое користење на колачиња што не е апсолутно технички неопходно претставува обработка на податоци што е дозволено единствено со ваша јасна и активна согласност, дадена според чл. 6 став 1 точка 1  од Законот за заштита на личните податоци. Ова особено се однесува на употребата на колачињата за рекламирање, колачињата за таргетирање или колачињата за споделување. Дополнително, ние ќе ги споделиме вашите лични податоци обработени преку колачиња со трети лица само доколку сте дале јасна и недвосмислена согласност за да го сториме тоа во согласност со чл. 10 став 1 точка 1  од Законот за заштита на личните податоци.

Доколку употребата на колачиња е задолжителна и технички потребна, обработката на податоците служи за безбедно работење и работење без грешки на нашата веб-локација, особено за стабилноста и безбедноста на врската (член 10 став 1 точка 6  од Законот за заштита на личните податоци).

За повеќе информации за тоа кои колачиња ги користиме и како можете да управувате со вашите поставки за колачиња и да оневозможите одредени типови на следење, ве молиме погледнете ја нашата Политика за користење на колачиња на следниов линк:  https://www.draexlmaier.com/en/cookie-policy

IX. Вашите права:

Вие можете да ги потврдите вашите права како субјект на обработката на податоци во врска со вашите обработени лични податоци во секое време преку контактирање со нас, користејќи ги податоците за контакт дадени во делот број I. погоре. Како субјект на обработката на податоци, вие имате право:

  • во согласност со чл. 19 од Законот за заштита на личните податоци да побарате информации за вашите податоци кои се обработени од наша страна. Конкретно, можете да побарате информации за целите на обработката, категоријата на податоци, категориите примачи на кои вашите податоци им биле или ќе бидат откриени, планираниот период на складирање, постоењето право на исправка, бришење, ограничување на обработката или приговор, постоење на право на жалба, потеклото на вашите податоци доколку тие не се собрани од нас, како и постоење на автоматско одлучување, вклучувајќи создавање на профил и, доколку се применува, значајни информации за деталите на субјектот на обработката на податоци ;
  • во согласност со чл. 20 од Законот за заштита на личните податоци да побарате исправка (корекција) на неточни или комплетирање на вашите податоци складирани од нас без одлагање;
  • согласно чл. 21 од Законот за заштита на личните податоци да побарате бришење на вашите податоци складирани од наша страна, освен ако обработката е неопходна за остварување на правото на слобода на изразување и информирање, за усогласување со законска обврска, од причини од јавен интерес или за тврдење, остварување или одбрана на правни побарувања;
  • да побарате ограничување на обработката на вашите податоци во согласност со чл. 22 од Законот за заштита на личните податоци, доколку точноста на податоците е оспорена од ваша страна или пак обработката е незаконска;
  • согласно чл. 24 од Законот за заштита на личните податоци да ги примите вашите податоци што ни ги дадовте во структуриран, вообичаен и машински читлив формат или да побарате пренос на друг контролер („преносливост на податоци“);
  • да поднесете приговор за обработката согласно чл. 25 од Законот за заштита на личните податоци, под услов дека обработката е заснована на чл. 10 став 1 точка 5 или 6 од Законот за заштита на личните податоци. Ова е особено случај ако обработката не е неопходна за извршување на договорот со вас. Освен ако не се работи за приговор за директен маркетинг, при остварување на таков приговор, ве замолуваме да ги објасните причините зошто не треба да ги обработуваме вашите податоци на начинот на кој го направивме тоа. Доколку вашиот приговор е оправдан (издржан), ние ќе ја разгледаме основаноста на случајот и или ќе ја прекинеме или адаптираме обработката на податоците или ќе ви ги покажеме нашите убедливи легитимни основи врз основа на кои ќе продолжиме со обработката;
  • во согласност со чл. 11 (3) од Законот за заштита на личните податоци, да ја отповикате вашата дадена согласност - т.е. вашата доброволна волја, разбирлива на информативен начин и недвосмислено со изјава или друго недвосмислено дејство за потврдување, дека се согласувате со обработката на личните податоци за кои станува збор за една или повеќе специфични цели - во секое време можете да нѐ побарате нас, ако сте дале таква согласност. Ова има последица дека во иднина можеби нема да продолжиме со обработката на податоците врз основа на оваа согласност и
  • да поднесете приговор до надзорниот орган за заштита на податоците за обработката на вашите лични податоци во нашата компанија во согласност со членот број 97 од Законот за заштита на личните податоци.

IX. Не постои автоматско донесување на одлуки (вклучувајќи и креирање на профил):

Немаме намера да користиме никакви лични податоци собрани од вас за кој било автоматизиран процес на донесување одлуки (вклучувајќи и креирање на профил).

X. Приклучоци (додатоци) за социјалните медиуми:

Ние не користиме приклучоци (додатоци) за социјални медиуми на нашата веб-локација. Доколку нашите веб-локации содржат икони од даватели на услуги за социјалните медиуми (на пр. Facebook, Instagram, Kununu, LinkedIn, Xing, YouTube), ние ги користиме единствено за пасивно поврзување до страниците на соодветните даватели на услуги за социјалните медиуми.

XI. Користење на графичката контрола од Ohrbeit:

Ние користиме таканаречен додаток на нашата веб-локација именуван како iFrame код од Fair Recruitment GmbH, со адреса: Untere Hauptstr. број 1, 85354 Freising и неговата платформа за објавување на подкасти Ohrbeit (во понатамошниот текст именувана како „Ohrbeit“).

Графичката контрола (виџетот) може да се користи за пристап до подкастите на нашата компанија на Ohrbeit, исто како врска. Преслушувањето на вградениот подкаст е можно и без посета на веб-локација на Ohrbeit. Ohrbeit не собира никакви лични податоци од вас единствено преку користење на графичката контрола (виџетот), ниту пак поставува колачиња на вашиот краен (терминален) уред.

Ако ја користите функцијата за поврзување на графичката контрола (виџетот), ќе бидете пренасочени на веб-локацијата на Ohrbeit на: ohrbeit.de. До политиката за приватност на Ohrbeit што се применува на поврзаната веб-локација можете да пристапите на следниов линк: ohrbeit.de/datenschutz/

XII. Употреба на електронскиот систем за дојавување и свиркачи именуван како DRÄXLMAIER Integrity Line:

Можете да го користите нашиот систем за дојавување и свиркачи именуван како „DRÄXLMAIER Integrity Line“ преку оваа веб-локација. Употребата на DRÄXLMAIER Integrity Line е - онолку колку што е законски дозволено - можна и без давање лични податоци. Сепак, може доброволно да ги откриете личните податоци како дел од процесот на дојавување и свиркање. Информации за обработката на вашите лични податоци од страна на DRÄXLMAIER Integrity Line може да се најдат овде .

XIII Користење на видео услугата VIMEO:

На нашата веб-локација, интегрираме видео содржини на почетната страница и на некои споредни страници со помош на видео услугата Vimeo. Давател на оваа услуга е Vimeo.com, Inc., 330 West 34th Street, 5th Floor, New York, New York 10001, USA (во понатамошниот текст именуван како „Vimeo“). Ако повикате таква страница и сте ја дале соодветната согласност, Vimeo може да постави колачиња на вашиот краен (терминален) уред и да пренесува податоци до Vimeo во САД. Врз основа на овие податоци, Vimeo може да следи кои од нашите веб-локации сте ги посетиле вие. Ако сте најавени како член на Vimeo, Vimeo ги доделува овие информации на вашата лична корисничка сметка. Кога ќе кликнете на копчето за почеток (старт) на некое видео, оваа информација може да се додели и на постоечката корисничка сметка. Вие можете да го спречите овој вид на доделување преку одјавување од вашата корисничка сметка на Vimeo пред да ја користите нашата веб-локација и да ги избришете соодветните колачиња од Vimeo.

Правната основа во врска со употребата на колачиња поставени од Vimeo е чл. 6 ст. 1 точка 1а) од Директивата DSGVO, доколку сте дале согласност за банерот со пораката за колачиња. Дополнително, правна основа е чл. 6 ст. 1 точка 1 f) од Директивата DSGVO, бидејќи имаме легитимен интерес да користиме содржини и услуги од трети страни за економско работење и оптимизација на нашата веб-страница.

XIV. Користење на услугата за аналитика Sentry

Ја користиме услугата за аналитика Sentry обезбедена од Functional Software, Inc. dba Sentry, 45 Fremont St, San Francisco, CA 94105, USA, на нашата веб-локација. Sentry користи колачиња и слични технологии за евидентирање и следење на грешките што може да се идентификуваат во изворниот код и за подобрување на техничката функционалност и перформанси на нашата веб-локација. Со цел да одговориме на пораките за грешки и можните пречки во брзината, собираме податоци за евиденција на грешки за Вашата употреба на нашата веб-локација во нашата инсталација на Sentry, што е оценето од нас таму. Ова се мета податоци, како што се информации за оперативниот систем и прелистувачот што го користите, програмскиот јазик што се користи, можните причини за грешки и Вашиот сервер. По 30 дена, Вашите зачувани податоци ќе бидат избришани од наша страна.

Правна основа за обработка на податоците е чл. 6 (1) 1 литар. ѓ) GDPR, односно нашиот легитимен интерес да ви овозможиме најдобро можно користење на нашата веб-локација и услугите што се нудат на неа.

Ја користиме таканаречената само-домаќин верзија на Sentry. Ова значи дека софтверот се чува и работи на нашите сопствени сервери во Германија и дека никакви податоци не се пренесуваат на трети страни. Повеќе информации можете да најдете на: develop.sentry.dev/self-hosted/.

Повеќе информации за заштитата на податоците на Sentry можете да најдете на https://sentry.io/privacy/.

XV. Интеграција на видеа на YouTube

Интегриравме видеа од YouTube во нашата веб-страница. Овие се зачувани на видео платформата YouTube.com и може да се репродуцираат директно од нашата веб-страница. Сите видеа на YouTube се вградени во „проширен режим на заштита на податоци“, така што нема податоци за Вас како корисник да се префрлаат на YouTube ако не ги репродуцирате видеата. Само кога ќе ги репродуцирате видеата, ќе се пренесат податоците споменати во следниот пасус. Немаме никакво влијание врз овој пренос на податоци.

Правна основа за прикажување на видеата е Вашата согласност во согласност со чл. 6 (1) алинеа 1 . GDPR.

Операторот на видео платформата е YouTube LLC, 901 Cherry Ave., San Bruno, CA 94066, USA („YouTube“). За корисниците во ЕУ, давател на услуги на YouTube е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин 4, Ирска („Google“). YouTube е компанија поврзана со Google LLC (1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, САД).

Кога ќе ја посетите веб-локацијата, YouTube ги добива информациите дека сте пристапиле на соодветната потстраница на нашата веб-локација. Дополнително, се пренесуваат гореспоменатите основни податоци како што се IP адресата и временскиот печат. Ова се случува без оглед на тоа дали YouTube обезбедува корисничка сметка на која сте најавени или дали не постои корисничка сметка. Ако сте најавени на Google, Вашите информации ќе бидат директно поврзани со Вашата сметка. Ако не сакате информациите да се поврзуваат со Вашиот профил на YouTube, мора да се одјавите пред да го активирате копчето. YouTube ги складира Вашите податоци како кориснички профили и ги користи за целите на рекламирање, истражување на пазарот и/или дизајн ориентиран кон побарувачката на својата веб-страница. Ваквата евалуација се спроведува особено (дури и за корисници кои не се најавени) за да се обезбеди рекламирање ориентирана кон побарувачката и да се информираат другите корисници на социјалната мрежа за Вашите активности на нашата веб-страница. Имате право да се спротивставите на создавањето на овие кориснички профили, но мора да контактирате со YouTube за да го искористите ова право.

Собраните информации се чуваат на серверите на Google, вклучително и во Соединетите Држави. Преносот на податоци во Соединетите Држави е дозволен според одлуката за адекватност на Комисијата на ЕУ според член 45(1) од GDPR доколку примачот на податоците во Соединетите држави е сертифициран според рамката за заштита на податоците ЕУ-САД. Google во САД (Google LLC) е соодветно сертифициран.

Дополнителни информации за целта и опсегот на собирање и обработка на податоци од страна на YouTube може да се најдат во политиката за приватност на Google. Оваа политика содржи и дополнителни информации за Вашите права и опциите за поставки за заштита на Вашата приватност: www.google.de/intl/de/policies/privacy.

XIV. Ажурирање и промени на оваа Политика за приватност:

Оваа политика за приватност се смета за важечка во овој момент и има статус од октомври 2024 година.

Cookie Policy

VI. Безбедност

Ние располагаме со и применуваме технички и организациски мерки за безбедност за да ги заштитиме податоците кои Вие ни ги ставате на располагање и овозможуваме истите да бидат заштитени против случана или намерна манипулација, губење, уништување или пристап од страна на неовластени лица. Нашите мерки за безбедност постојано се подобруваат во чекор со новите технолошки достигнувања.

SSL/TLS протокол за енкрипција

Оваа страница ја користи технологијата од SSL/TLS протоколот за енкрипција поради безбедносни причини, но и да го заштити пренесувањето на доверливите податоци, како на пример барањата кои ги упатувате до нас како оператор на веб-страницата. Вие можете да го препознаете енкриптираното поврзување (конекција) преку фактот што линијата за адресата на прелистувачот се менува од „http://“ во „https://“, но и според симболот за заклучување во лентата на Вашиот прелистувач. Доколку е овозможена енкрипцијата според SSL/TLS протоколот, податоците кои Вие ги пренесувате не можат во никој случај да бидат прочитани од трети лица (страни).

VII. Права на субјектите на личните податоци

Според членот 16 од Законот за Заштита на личните податоци, секој субјект на личните податоци има право на:  

  • Потврдување
  • Пристап
  • Корeгирање
  • Бришење
  • Ограничување (рестрикции) за обработка
  • Преносливот на податоците (data portability)
  • Приговор
  • Повлекување на било која дадена согласност според регулативите за заштита на личните податоци
  • Поднесување на приговор до надлежност за надзор, особено во земјата-членка која е Вашето постојано место на живеење, местото на работа или местото каде настанал наводниот прекршок.

Онаму каде обработката на податоците се изведува врз основа на законските (легитимните) интереси на Контролорот, Вие имате право да поднесете приговор за таквиот вид на обработка. Доколку поднесете приговор, ние ќе ја прекинеме обработката на податоците сè до времето кога ќе бидеме во можност да покажеме убедливи законски интереси за обработката на податоците. Доколку ние ги обработувме Вашите лични податоци врз основа на „законските (легитимните) интереси на Контролорот“ за директни маркетиншки цели, ние нема да ги обработиме Вашите лични податоци доколку се противите на обработката на Вашите податоци за директни маркетиншки цели.

Субјектите на личните податоци (Data subjects) можат да го контактираат Офицерот за заштита на податоци на Контролорот во било кое време за да можат да ги остварат своите права.

VIII. Важност и дополнувања на оваа Политика за заштита на податоците

Оваа Политика за заштита на податоците се смета за важечка од Февруари 2020 година.