DRÄXLMAIER Групација
Правни забелешки
Намерата на овие Интернет страници е да Ве информираат за Групацијата DRÄXLAMIER и за нејзините производи. Групацијата DRÄXLAMIER го задржува правото за промена на содржината на своите Интернет страници без претходна најава и без притоа да ја наведе причината за настанатата промена.
Политики
Овде можете да добиете информации за policies of the DRÄXLMAIER Group.
Обврска за известување
За своите обврски за известување Групацијата DRÄXLMAIER работи во согласност со UK Modern Slavery Act и California Transparency in Supply Chains Act.
Одрекување од одговорност
Оваа Интернет страница е составувана со најголемото можно внимание. Сепак, Групацијата DRÄXLMAIER не превзема никаква одговорност дека објавената информација е сто проценти точна или дека таа е без грешки. Групацијата DRÄXLMAIER вложува максимални напори постојано да ги одржува овие Интернет страници со тековни ажурирања и дополнувања. Содржината е наменета само за информативни цели. Ние го задржуваме правото на промени во секое време. Групацијата DRÄXLMAIER не одговара за штетите кои директно или индиректно би произлегле од користењето на оваа Интернет страница, освен ако не се резултат на злонамерност или поголема небрежност.
Интернет страниците на Групацијата DRÄXLMAIER може да содржат врски (линкови) до веб-страници од други компании како во, така и надвор од Германија, на кои Групацијата DRÄXLMAIER нема никакво влијание. Групацијата DRÄXLMAIER не превзема никаква одговорност за содржината на овие Интернет страници. Одговорноста за содржината на овие Интернет страници припаѓа на соодветниот оператор на страницата. Групацијата DRÄXLMAIER ја проверува содржината за трети лица при првото поврзување со страницата за можни правни прекршоци. Во дадениот момент на проверка, не се пронајдени законски прекршувања. Групацијата DRÄXLMAIER нема никакво влијание врз сегашниот и идниот дизајн или содржината на поврзаните страници. Поставувањето на надворешни врски не значи дека Групацијата DRÄXLMAIER ја усвоила содржината на препораката или врската. Постојаната проверка на надворешните врски не е изводлива за Групацијата DRÄXLMAIER без конкретни докази за правни прекршоци. Сепак, таквите надворешни врски ќе бидат избришани веднаш по сознанието за какво било прекршување на законот.
Интернет страниците на Групацијата DRÄXLMAIER можат исто така да содржат публикации, мислења или препораки од експерти. Информациите кои се назначени како публикација, мислење или препорака и кои се наоѓаат директно на Интернет страниците на Групацијата DRÄXLMAIER или до нив се пристапува со помош на врска, претставуваат само мислење на предметниот експерт и не мора да се идентични со ставовите на Групацијата DRÄXLMAIER. Покрај тоа, Групацијата DRÄXLMAIER не превзема никаква одговорност да се осигура дека овие информации и мислења се точни и целосни.
Интелектуална сопственост
Освен ако не е наведено поинаку, сите информации, слики, илустрации, итн. кои се поставени на Интернет страниците на Групацијата DRÄXLMAIER се сопственост на Групацијата DRÄXLMAIER. Содржината на Интернет страниците е заштитена со авторско право.
Содржината на овие Интернет страници може да се умножува само доколку е вклучено следново известување за авторско право: „© Авторски права на Групацијата DRÄXLMAIER, Вилзбибург, Германија сите права се задржани“. Сите фотографии, текстови, графички прикази, звуци, анимации и видео датотеки прикажани на оваа Интернет страница, како и нивниот изглед, подлежат на заштита на авторските права и други закони за заштита на интелектуалната сопственост. Содржината на оваа Интернет страница не смее да се копира, објавува, менува или користи за други Интернет страници за трговски цели. Понатаму, некои Интернет страници од Групацијата DRÄXLMAIER содржат слики кои се опфатени со авторски права на трети страни. Освен ако не е поинаку наведено, сите трговски марки на веб-страницата DRÄXLMAIER се заштитени со законите за трговски марки. Ова особено се однесува на брендовите DRÄXLMAIER, табличките за идентификација, логоата на компанијата и амблемите.
Особено е важна одредбата дека оваа Интернет страница не доделува ниту пак создава дозвола за авторски права, патентирање, брендирање или други права. Групацијата DRÄXLMAIER ќе превземе правни дејства против било какво непочитување на нејзината интелектуална сопственост.
Извор на фотографии
DRÄXLMAIER Group, Fotolia, Shutterstock
Регулаторно усогласување во Групацијата DRÄXLMAIER
Придржувањето кон законите, правилата и внатрешните регулативи има најголем приоритет во DRÄXLMAIER. Ние сакаме да ги избегнеме ризиците кои би ја загрозиле довербата на клиентите, вработените, добавувачите и другите акционери во Групацијата DRÄXLMAIER. Токму поради тоа, недоличното однесување мора да се открие многу рано, истото да се иследи и веднаш да се поправи.
Постојат различни начини на кои вработените можат да пријават информација како на пример со писмо, факс, телефон, е-пошта или личен извештај. Ние исто така придаваме големо значење на информации од деловни партнери, клиенти и други трети страни. Нашето Раководство за регулаторно усогласување претставува директен контакт во овој случај. Овде можете директно да контактирате со нашиот compliance management. Доколку сакате да останете анонимни користете ја директната е -маил адреса на одговорното лице ombudsman's e-mail address.
Прашањата секогаш можат да се поднесуваат и на локалниот јазик, а на тој начин секој подеднакво ја има истата можност да испрати извештај.