Донација од Дрекслмајер за лицата со посебни потреби од Прилеп и регионот

22. март 2024 Поддршката за заедницата продолжува да биде еден од најважните приоритети на компанијата

Лицата со посебни потреби од Прилеп добија ново специјално возило кое го обезбеди Дрекслмајер Македонија. Целта на донацијата е на оваа категорија граѓани да им се обезебeдат поголеми можност за вклученост во секојдневните процеси на општественото живеење.

Возилото е опремено со автоматска рампа за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со посебни потреби.

„Можноста да создадеме подобри услови за лицата со телесен инвалидитет, подобрена социјална инклузија и да придонесеме за подбрување на квалитетот на животот на оваа ранлива категорија граѓани нѐ прави особено среќни. Важно е заеднички да делуваме и уште повеќе да ја развиеме свеста за потребите и предизвиците со кои овие лица се соочуват“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Специјалното возило за лицата со посебни потреби ќе биде на располагање на сите здруженија за лица со посебни потреби од Прилеп и од регионот, а општината ќе се грижи за неговото тековно одржување и сервисирање.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески изрази благодарност до Дрекслмајер затоа што компанијата во континуитет поддржува бројни проекти кои се особено значајни за развојот на заедницата. „Социјалните проекти се од особено значење за лицата со посебни потреби, но и за нашата локална заедница. Би сакал најсредечно да се заблагодарам за овој убав гест од страна на Дрекслмајер преку кој заеднички ќе успееме барем малку да им го олесниме секојдневието на овие наши сограѓани“, рече Јовчески.

Ова е петто возило од ваков тип што компанијата го донира за лицата со посебни потреби во регионите кадешто е активна, а исто така целосно опреми и неколку сензорни соби преку кои со помош на стручен кадар на дечињата со попреченост им е овозможена поголема инклузивност.

 

 

 

 

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.