DRÄXLMAIER Инфо канцеларијата во Куманово започна со работа

15. август 2024 Новоотворените работни позиции и сите информации во врска со вработување во компанијата отсега на едно место, брзо и лесно достапни

DRÄXLMAIER Македонија ги отвори вратите на новата Инфо канцеларија лоцирана во централното градско подрачје на Куманово, како еден од најголемите работодавачи во земјата кој се стреми да биде што поблиску до своите вработени, но и до новите потенцијални заинтересирани за работа во компанијата.

Секој работен ден од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот новите потенцијални вработени ќе имаат можност да се сретнат со искусни регрутери од Одделот за човечки ресурси кои ќе им да дадат детален увид во работните активности, вредностите и мисијата на компанијата и ќе им помогнат брзо и лесно да поминат низ процесот за аплицирање за посакуваната работна позиција.

Инфо канцеларијата ќе биде поблиску до сите заинтересирани кандидати за работа во компанијата. Целта е да се обезбеди сеопфатна поддршка и информации за новите потенцијални вработени кои се заинтересирани да ги истражуваат можностите за работа и кариера во DRÄXLMAIER, да дознаат повеќе за корпоративната култура на компанијата, тековните отворени работни позиции како и за придобивките од тоа да се биде дел од DRÄXLMAIER тимот.

„Веруваме дека најдобриот начин за поврзување со потенцијалните нови вработени и таленти е преку директен ангажман и отворена комуникација“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRÄXLMAIER Македонија. „Нашата нова Инфо канцеларија во Куманово е доказ за нашата посветеност на локалната заедница во насока на создавање квалификувани и обучени кадри“, додава Мирингер.

DRÄXLMAIER е семејна компанија со традиција од повеќе од 65 години и размислува не само за сегашните, туку и за идните генерации. Со своите постапки кои се засноваат на одговорност за иднината на опкружувањето во кое делува, компанијата заедно со своите вработени како најважен капитал, го обликува карактерот на мобилноста на иднината.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.