DRÄXLMAIER обезбеди нова спортска опрема за ГРК Тиквеш

18. октомври 2024 Логото на компанијата петта година по ред на официјалните дресови на ракометниот клуб од Кавадарци.

DRÄXLMAIER и оваа сезона обезбеди спортска опрема за играње официјални натпревари за ракометарите на градскиот ракометен клуб „Тиквеш“. Компанијата традиционално, петти пат по ред се погрижи ракометните играчи да имаат соодветни услови во вид на спортска опрема за натпреварување, но и за подготвителни тренинзи со што дополнително ќе се поттикнат нивните перформанси и нивната посветеност за постигнување најдобри спортски резултати.

Спортската опрема вклучува дресови за играње официјални натпревари, соодветни маици, шорцеви и тренерки кои ракометарите ги носат за време на тренинзите и на патувањата кога играат натпревари во странство, потоа јакни, спортски торби, чорапи и маркери.

„Драго ни е што уште еднаш имаме можност да дадеме поддршка за ГРК Тиквеш. Нашата цел е да поттикнеме интерес за спортот, а особено за тимските спортови кадешто се негува тимскиот дух во насока на постигнување заеднички успех. Ова се поклопува со вредностите на нашата компанија, така што веруваме дека со нашата поддршка можеме да му помогнеме на тимот да постигне уште поголеми резултати“, велат од менаџментот на DRÄXLMAIER Македонија.

ГРК Тиквеш е предводник на локалната спортска сцена и за време на официјалните натпревари инспирира единственост и тимска поддршка од страна на домашната публика.

„Поддршката од DRÄXLMAIER беше особено значајна за развојот на клубот во изминатите години за што сме неизмерно благодарни. На ваков начин ја зголемуваме мотивацијата, но и моралот кај играчите. Горди сме на соработка со DRÄXLMAIER, а наша обострана цел е постигнување заеднички успеси“, рече Ратко Мицев, претседател на ГРК Тиквеш.

Овој придонес е дел од бројните проекти на DRÄXLMAIER за поддршка на тимските спортови како и промовирање на спортот во заедницата. Претходно годинава компанијата обезбеди спортска опрема за јуниорите на ГФК Тиквеш, а продолжува да ја поддржува и бесплатната школа за кошарка за учениците од основните училишта во Кавадарци.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.