DRӒXLMAIER Куманово со успешна акција за пошумување

12. јануари 2023 Вработените од DRӒXLMAIER Куманово засадија околу 1200 садници во околината на градот

Вработените на DRӒXLMAIER локацијата Куманово успешно засадија околу 1200 садници од видот бел бор во месноста Костоперска карпа кај Младо Нагоричане во близина на Куманово. Акцијата беше спроведена во соработка со јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Куманово, а садниците беа обезбедени од страна на DRӒXLMAIER.

Волонтерски акции за пошумување во континуитет
Одржливото живеење, што меѓу другото подразбира и заштита на животната средина, започнува со свесното однесување на секој поединец, но и на секоја организација. DRӒXLMAIER заедно со своите вработeни континуирано спроведува волонтерски акции за пошумување во регионите кадешто делува, а целта е подигнување на свеста за заштитата на природата.

DRӒXLMAIER Куманово пример и поттик за одговорно однесување
„Грижата за околината каде живееме и работиме треба да биде наш приоритет. Годинава за прв пат имаме можност да засадуваме во близина на Куманово и драго ни е што заедно со нашите вработени, преку волонтерски пристап и голема мотивираност, покажавме дека можеме да направиме разлика. Сакаме да бидеме добар пример, но и поттик за заедничко одговорно однесување кон природата“, изјавија од менаџментот на DRӒXLMAIER Куманово.

Локалниот тим од шумарски инженери од јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Куманово го обезбеди потребниот алат, но и стручна поддршка за време на акцијата. „Се радуваме што DRӒXLMAIER Куманово покажа иницијатива за заеднички да ја спроведеме оваа акција за пошумување и сигурен сум дека и во иднина успешно ќе соработуваме“, рече Луан Бајрами, стручно лице од јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Куманово.

Вработените со свој придонес за заштита на животната средина
За вработените во DRӒXLMAIER Куманово оваа акција за пошумување беше можност да покажат дека тимската работа носи успех во работењето на секое поле, но и можност за меѓусебна дружба. „Среќен сум што заедно со моите колеги денеска учествуваме во волонтерска акција за пошумување и што дадовме заеднички придонес за заштита на животната средина“, рече Влатко Стојановски, вработен во DRӒXLMAIER Куманово.

DRӒXLMAIER Македонија заедно со своите вработени реализираше акции за пошумување и во останатите региони кадешто делува компанијата. Со оваа акција за пошумување во Куманово, вработените засадија над 10.000 садници на повеќе различни локации.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.