DRӒXLMAIER со поддршка за Стрит баскет

23. август 2024 Традиционално и оваа година дел од потребната опрема и реквизити за кавадаречкото културно лето се обезбедени од DRӒXLMAIER.

DRӒXLMAIER повторно со поддршка на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“ во чии рамки се организираат и спортски натпревари во кошарка – Стрит баскет како дел од спортската програма. За ова натпреварување, компанијата обезбеди нови кошаркарски топки, пехари за победничките тимови, спортски маици за играње на натпреварите како и озвучување на настанот. На Стрит баскет учествуваа околу десетина машки екипи меѓу кои и кошаркарскиот тим на DRӒXLMAIER.

DRӒXLMAIER со непрекината поддршка на спортот

Организацијата на социјални проекти на локално ниво кои вклучуваат голем број културни активности како и спортски содржини придонесува за уште поголем одржлив развој на заедницата. „DRӒXLMAIER во континуитет ги поддржува спортските школи, тимови и клубови, но и спортските иницијативи. Исто така, ја цениме големата посветеност при организацијата на настани од ваков тип  кадешто можат да бидат вклучени и вработените во компанијата и истовремено да бидат добар пример за промоција на спортот и спортските активности“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.

Вработените во DRӒXLMAIER – пример за тимски пристап

И оваа година DRӒXLMAIER кошаркарскиот тим ја покажа својата умешност во кошарката и одличната тимска поврзаност. „Спортот е забава, здрава навика и совршен начин да најдеме баланс помеѓу работата и слободното време, а сепак да продолжиме да го јакнеме тимскиот дух. Тимската сплотеност која ја поседуваме на работа се чувствува и при активностите надвор од работното место, на спортските терени“, вели Драган Ристов, вработен во DRӒXLMAIER и учесник на овогодинешниот Стрит баскет.

DRӒXLMAIER е семејна компанија со традиција од повеќе од 65 години која размислува не само за сегашните, туку и за идните генерации. Затоа, компанијата во континуитет го поддржува спортот, спортските клубови и спортските школи за млади таленти на начин што овозможува свој придонес за одржливиот развој на општеството од кое себе си се смета за дел. 

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.