DRӒXLMAIER верен поддржувач на спортот

10. октомври 2023 Компанијата продолжува со поддршка за ракометот во тиквешкиот регион

Ракометарите на ГРК Тиквеш и оваа сезона ќе настапуваат на официјални натпревари и ќе тренираат со спортската опрема која ја добија како поддршка од DRӒXLMAIER. Комплетни дресови, опрема за тренинг и патување, јакни, торбици и останати потребни реквизити се дел од опремата која компанијата за ГРК Тиквеш ја обезбедува четврта година по ред.

DRӒXLMAIER го поддржува спортот во континуитет

Поддршката на спортистите и спортските клубови е дополнителна стимулација за развојот на спортот во регионот, а особено за поттикнување на младите луѓе да спортуваат и да бидат сѐ повеќе физички активни во време на брза дигитализација.

„На ракометарите им честитам за досегашните успеси и им посакувам многу нови во иднина. Дисциплината, посветеноста и пред сѐ љубовта кон она што го правите со сигурност ќе вродат со плод“, им порача Генералниот директор на DRӒXLMAIER Македонија, Лукас Мирингер на ракометарите за време на официјалното примопредавање на опремата. “Драго ни е што имаме можност неколку години по ред да го поддржиме клубот во насока на обезбедување соодветни услови и можности за ракометарите да тренираат и да играат официјални натпревари“, додаде Мирингер.

Поттик за младите луѓе да спортуваат

Ракометарите и стручниот штаб упатија голема благодарност до DRӒXLMAIER како општественo одговорна компанија која е верен поддржувач на спортот и спортските клубови во регионот. „Голема благодарност до DRӒXLMAIER што и оваа година ни овозможи нова спортска опрема и реквизити, така што ќе го продолжиме нашето натпреварување со надеж за уште подобри и повисоки резултати. Ракометарите како и останатите спортисти се промотори на спортот, а наша цел, исто така, е да бидеме добар пример за младите генерации“, рече Ратко Мицев , член на Управниот одбор на ГРК Тиквеш.   

DRӒXLMAIER, како глобално активна компанија и понатаму продолжува да го поддржува обликувањето и подобрувањето на областите околу своите локации од социјална, културна и економска перспектива. Преку посветеност на широк спектар на проекти, компанијата дава придонес за одржливиот развој на општеството од кое себе си се смета за дел.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.