Училишни клупи, донација од DRӒXLMAIERза средното училиште во Свети Николе
DRӒXLMAIER обезбеди училишни клупи кои ќе бидат составен дел од училишниот инвентар на средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе. Тие ќе бидат распоредени соодветно според потребите на училниците кадешто се изведува образовниот процес.
„За нас младите луѓе се особено важни. Тие се нашата иднина и затоа среќни сме што можеме да го поддржиме нивниот образовен процес преку реализација на бројни проекти за поддршка на образованието. Современото општество бара современ систем на образование, а за тоа потребно е да бидат унапредени и условите за работа во образовните институции“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.
Учениците, но и професорскиот кадар среќни се што училниците ќе бидат подновени за почетокот на следната учебна година и што условите за настава во училиштето се подобрени. „Драго ни е што компаниите развиваат висока свест за поддршка при унапредувањето на образовниот процес. Особено сме благодарни, затоашто DRӒXLMAIER кон овој проект за донација пристапи самоиницијативно. Верувам дека нашата успешна соработка ќе ја продолжиме и во иднина со цел на учениците и на наставниот кадар да им овозможиме соодветни услови за непречено одвивање на образовниот процес“, вели Жаклина Милошева, директор на СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе.
DRӒXLMAIER е семејна компанија со традиција од над 65 години која покрај активностите за поддршка во делот на спортот, културата, здравството и социјалните прашања, особено внимание посветува и на полето на образованието, така што иницира и реализира бројни проекти за унапредување на воспитно – образовниот процес почнувајќи од градинките, основните и средните училишта во регионите кадешто делува.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.