Заштитни маски за здравствените установи во Куманово
120.000 заштитни маски за потребите на ЈЗУ Општа Болница Куманово и околу 28.000 парчиња медицинска опрема од истиот вид за службата на Итната медицинска помош обезбеди DRӒXLMAIER Македонија. Заштитните маски се дел од задолжителната заштитна опрема за еднократна употреба, а преку донацијата на DRӒXLMAIER потребата од овој тип медицинска опрема во двете здравствени установи ќе биде задоволена во период од неколку последователни години.
Придонес за општото здравје
„Претстојниот период на дарување нека биде поттик за сите нас уште повеќе да развиеме чувство за колективна одговорност и емпатија. Здравјето е на прво место и затоа ваквите активности за поддршка на здравствените установи во насока на подобрување и унапредување на условите за работа, а со тоа и подобри услови за пациентите ќе продолжат и во иднина. Хуманоста и одговорното однесување се значајни вредности преку кои сите заедно ќе придонесеме за градење одржливо општество и иднина вредна за живеење“, рече Лукас Мирингер, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија.
Болницата и Брзата помош со благодарност до DRӒXLMAIER
„Заштитните маски во здравствените установи се употребуваат секојдневно како дел од општите мерки за заштита на сопственото, но и на јавното здравје и помошта од ваков вид ни е секогаш добредојдена”, рече Биљана Ивановска, директор на ЈЗУ Општа Болница Куманово потенцирајќи дека од основањето на DRӒXLMAIER во Куманово во 2021, компанијата редовно ја поддржува оваа здравствена установа.
Според Фарук Алили, директор на Здравствен дом Куманово секоја поддршка за јавните здравствени установи претставува придонес за унапредување на јавното здравје и шанса за живот на многу граѓани. „Би сакал да упатам искрена благодарност до DRӒXLMAIER како општествено одговорна компанија која покажува интерес и грижа за заедницата“, вели Алили.
DRӒXLMAIER Македонија, претходно за болницата во Куманово обезбеди два нови ЕКГ апарати како и комплетна постелнина во вид на креветски чаршафи и навлаки со кои значително ќе се подобрат условите за престој на пациентите, но и ќе се зајакнат болничките капацитети.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.