И Вашите сетила се подготвени да бидат дел од искуството

 

Класичен пример: Првата средба со нов автомобил често е допир со раката над шалт таблата. И тоа има смисла. Затоа што дава потврда и афирмација на нашата визуелна, естетска перцепција. Секој од нашите прсти има повеќе нерви од речиси кој било друг сетилен орган. Со нив, можеме да го оцениме квалитетот на површината, да почувствуваме топлина, издржливост или пријатна мекост.

Карактерот на автомобилскиот ентериер е синтеза на материјали, површини, бои и распределба на просторот.  Просторот кој може да се искористи, моделите на шевовите и радиусите се клучот за совршено искуство.

Имаме експертиза, искуство и производствени вештини за совршено да ги обработиме површините (без разлика дали е текстилна, вештачка или кожа со природни влакна), така што тие не само што ги исполнуваат, туку често и ги надминуваат премиум стандардите на нашите клиенти.